На директорката на Клиниката за кожни болести според Кривичниот законик и се заканува затвор или парична казна

Парични и затворски казни предвидува Кривичниот законик за кривични дела против здравјето на луѓето, пренесување заразна болест или непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Во член 205 од КЗ се наведува дека „тој што со кршење на прописи или наредби со кои надлежен орган определува прегледи, дезинфекција, издвојување на болни или некои други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или со вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест со вршење на полово дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна болест, ќе се казни со парична казна или со затвор до три година”.

– Ако како последица од делото е пренесена неизлечива заразна болест, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години. Тој што ќе ја загрози сигурноста на друг со лажна закана за пренесување или со ширење на невистинити тврдења за постоење на неизлечлива заразна болест ќе се казни со парична казна или затвор до шест месеци. Тој што делото ќе го стори од небрежност, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци. Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна, предвидува КЗ.

Член 206, пак, предвидува „тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна”.

„Свесното загрозување на јавното здравје подлежи на Кривичен законик, ако Судот наложи да и се одземе лиценцата на докторката, тогаш така ќе се постапи, рече претседателката на Лекарска комора, Старделова.

Лекарска комора не може да и ја одземе лиценцата на директорката на Клиниката за кожни болести, ќе помине само со опомена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот