НА ЏОНСОН МУ ИСТЕКУВА ВРЕМЕТО: Три пеколни денови во британскиот парламент пред конечната одлука за Брегзит

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Британскиот премиер Борис Џонсон го објави својот Закон за повлекување на 110 страни, речиси на неколку часа пред парламентот да дебатира за оваа тема, ситуација која е наречена „Титатник вторник“. Џонсон се надева дека ќе го истурка својот договор за Брегзит низ Долниот дом на парламентот за три дена, додека се обидува да избегне ново одложување за излез на Велика Британија од Европската Унија до 31 октомври, пишува српски „Блиц“.

Парламентот денес ќе ги започне дебатите, а тие ќе се завршат во четврток. Опозициските партии рекоа дека остана премалку време за детална анализа. Парламентот прв ќе гласа за законот денес и потоа ќе добие шанса да одобри забрзан распоред. Доколку не биде одобрен, Британија нема да излезе од ЕУ на 31 октомври, истакна „Дејли меил“.

Британската влада, заедно со објавата на законот, објави и промотивно видео на Твитер.

– Нашиот нов договор со ЕУ значи дека можеме да излеземе на 31 октомври. Вратете ја контролата во нашите закони, граници и пари…Овој нов договор ќе ни овозможи да продолжиме и да се фокусираме на приоритетите на народот – стои во објавата.

Сепак, постојат аспекти на договорот за Брегизт поради кои поддршката е неизвесна. Дел од нив се провизијата на која Британија ќе биде подложена до јануари 2021 година според пресудите на Европскиот суд за правда во транзицискиот период и обврските на Долниот дом да гласа дали секогаш ќе ги следи ЕУ кога ќе воведува нови права за вработување. Исто така, тука е и ветувањето на министрите да се консултираат со трговската унија за сите нови закони кои влијаат врз правата на работниците, како и новата организација за надгледување на правата на европските граѓани во Британија која ќе го чини кралството 146 милиони фунти за време на 10 години.

Во среда Долниот дом ќе одржи маратонска, 12-часовна дебата, која ќе трае до 1 часот наутро. Тогаш ќе се дискутира за предложените амандмани на законот, вклучувајќи и барањето за втор референдум и членството во европската царинска унија.

Во оваа ситуација, можни се неколку опции. Првото сценарио е дека нема да дојде до продолжување на рокот и Британија ќе излезе од ЕУ без договор, што е најлоша можна опција за која се подготуваа големите компании, но не и малите и средните фирми. Експертите веќе долго предупредуваат за хаосот и потенцијалната економска штета во случај на Брезит без договор.

Втора можност е одложување. Кратко, техничко одложување може да помине како нематеријално одложување на Брегзит, но и избегнување на излез без договор, укажува „Политико“. Одложувањето на неколку дена или недели за да се избегне Брегзит без договор не би требало да биде проблематично.

Одложувањето до крајот на јануари е трета, веројатно најлесна опција. Овој датум е наведен во Законот Бен (Закон за повлекување број 2), па европските лидери можат едноставно да се повикаат на него доколку стигне такво барање од Британија. Прашање е само дали ова продолжување би било доволно, особено ако е потребно да се повикаат национални избори или друг референдум.

Следната можност е поместување на рокот се до крајот на тразицискиот период на предвидениот Договор за повлекување, на 31 декември 2020 година. Тоа би можело да биде добитен компромис, сметаат аналитичарите. Европските лидери би можеле да укажуваат дека Брегзит се става на страна се додека Лондон не донесе одлука.

Уште едно сценарио е флексибилно продолжување на излезот на Британија од ЕУ со конечен датум. Тоа би вклучило поставување на фиксен датум, било кој ден до 31 декември следната година, но со можност Британија да излезе од Унијата коа таа е подготвена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот