На Џенифер Анистон не ѝ оди онлајн-шопингот: Нарачала готова слика наместо бои (ВИДЕО)

Instagram

Џенифер Анистон веќе три недели се наоѓа во изолација во резиденцијата на Беверли Хилс. За време на карантинот Џенифер бара начини да се забавува. Разговара со блиски луѓе преку видеоповици, чисти, си нашла многу работи за кои мислела дека ги изгубила, а решила и да почне да црта.

На интернет го порачала потребниот материјал – прирачници и палета со бои, но наместо тоа, ѝ стигнала готова слика.

принтскирн

„Веројатно сум нарачала нешто поинакво од тоа шту сум мислела. Сакав да нарачам бои преку броеви, а всушност сум нарачала готова слика“, вели Џенифер и објаснува дека и е проблем да најде место за големата сликата во нејзината куќа.

Изгледа дека по грешка Џенифер нарачала уште три различни фотографии и не знае кога ќе ѝ стигнат. Поради тоа, вели дека ќе се држи подалеку од купување на интернет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот