На девојчето за крај на хемотерапијата му направиле прослава од автомобил: Ме преплавија емоции!

Twitter

На Кортни Џонсон (15) во јуни 2019 година, само една недела по прославата на полуматурата ѝ бил дијагностициран рак. Цела недела имала болки во ногата, па родителите одлучиле да ја однесат на тестирање за да дознаат што се случува. Тестот покажал дека Кортни има Евингов сарком, многу редок тип на рак кој се создава во коските или во ткивото околу коските.

Оттогаш имала две операции и повеќе од десет хемотерапии, поради кои морала да останува во болница по цели денови. Ја пропуштила својата прва година од средното училиште и учела од дома, каде што нејзиното семејство постојано носело маски за да ја заштити од болести.

„Не допушти нејзината болест да ја спречи. Имавме некои тешки моменти, но никогаш не се сожалуваше себеси. Секогаш добро се држеше и правеше сè со насмевка на лицето“, рекла нејзината мајка Ејприл.

Во вторникот Кортни завршила со хемотерапиите и за последен пат излегла од детската болница во Лос Анџелес. Престанувањето на хемотерапијата е голема работа во детската болница и децата секогаш мора да заѕвонат на победничкото ѕвоно, но поради пандемијата на коронавирусот, дозволен е само еден посетител.

Кога излегувала од болницата го прифатила фактот дека нема да има прослава.

Нејзината мајка се чувствувала лошо што Кортни нема да го прослави завршувањето на тешката борба и своите чувства ги споделила со пријателката.

„Помина низ целата таа голема работа и постојано зборувавме дека ќе имаме забава. Едноставно се чувствувам лошо“, рекла Ејприл.

Нејзината пријателка потоа смислила изненадување за Кортни и го повикала своето семејство да прослават со автомобилите во нивната улица. Таа ги поканила сите нивни пријатели и роднини па Кортни добила вистинска мала забава. Иако сите го почитувале правилото за држење на растојание, ова изненадување многу ѝ значело на Кортни.

„Бев преплавена со емоции. Едноставно не очекував ништо, па бев изненадена и благодарна што сите се собраа да прослават со мене“, рекла Кортни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот