НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Убиени сараевските Ромео и Јулија

босански ромео и јулија
Принтскрин

Пред 26 години на денешен ден биле убиени босанските Ромео и Јулија, Србинот Бошко и Босанката Адмира.

Нивните тела со денови лежеле на мостот. И двајцата се надевале дека ќе избегаат од Сараево и дека ќе живеат живот исполнет со љубов. За жал, не успеале во таа намера.

Тие биле убиени на денешен ден во Сараево, а нивните тела осум денови лежеле на асфалтот, без никој да ги помести.

По сторијата на „Си ен ен“, нивната приказна станува светски позната и тие го добиваат прекарот „сараевски Ромео и Јулија“.

View this post on Instagram

?? На денешен ден пред 26 години: Убиени сараевските Ромео и Јулија кои починаа прегрнати, а телата им лежеа со денови на мостот… ⁣⁣ ⁣⁣ Тоа што Бошко бил Србин, а Адмира муслиманка од Босна, не им претставувало препрека ниту нив, ниту пак на нивните родители.⁣⁣ ⁣⁣ Сепак кога почнала војната во 1992 година, родителите на Бошко го напуштиле Сараево, а тој не заминал со нив бидејќи не сакал да ја остави Адмира и верувале дека војната брзо ќе заврши.⁣⁣ ⁣⁣ За жал, никогаш не го дочекаа крајот.⁣⁣ ⁣⁣ Во надеж дека ќе избегаат од Сараево, во мај 1993 година, убиени се со снајпер. Снајперистот прво го погоди Бошко кој веднаш починал, а потоа и Адмира која смртно ранета со последни сили успева дојде до Бошко, го прегрнува и починува.⁣⁣ ⁣⁣ Двајцата останаа да лежат осум дена на сараевскиот асфалт, бидејќи никој не се осмели да ги помести од таму.⁣⁣ ⁣⁣ Фотографијата од Бошко и Адмира го обиколи целиот свет, а „Си-ен-ен“ ги нарече сараевските Ромео и Јулија…⁣⁣ ⁣⁣Истрага за убиството на Адмира и Бошко не е водена, а нивниот убиец сè уште не е откриен.⁣⁣ ⁣⁣ Групата „Забрањено пушење“ во 2013 година сними песна за нивната љубов…

A post shared by СП. (@slobodenpecat) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот