На денешен ден се случи најсрамниот чин во историјата на тенисот, крикот на Селеш кој промени сè  (ВИДЕО)

twitter/Ubitennis

Моника Селеш на денешен ден во 1993 година е нападната со нож од страна на Гинтер Пахке за време на турнирот во Хамбург.

Моника Селеш или „малата Мо“ со само 19 години владееше со женскиот тенис од почетокот на последната деценија од 20. век и се чинеше дека нема крај на нејзините успеси.

За две години триумфира на 22 турнири од кои седум беа Грен слем и суверено го држеше првото место пред тогаш неприкосновената Штефи Граф.

Самодовербата, талентот, желбата за победи беа во гените на Селеш, но нејзиниот живот на 30. април 1993 година отиде во друга насока.

Селеш на тој ден на турнирот во Хамбург играше против Магдалена Малеева и се наоѓаше пред сигурен пласман во полуфиналето за што и беа потребни само два гема.

Но, тогаш на сцена стапи 38-годишниот Гинтер Пахке, невработен Германец кој беше патолошки навивач на Штефи Граф, но и човек кој беше подготвен да направи се за неговата омилена тенисерка да се врати на врвот.

Пахке со кујнски нож влета на теренот и ја прободе Селеш во левото рамо.

Обезбедувањето веднаш го совлада и беше уапсен, но поради наводни психички пореметувања Гинтер Пахке е осуден само на условна казна и две години помина на лекување во психијатриска болница .

– Како е возможно за обид за убиство да добиете само условна казна – се прашуваше адвокатот на Селеш.

„Обвинет е за нанесување повреди, а не за обид за убиство. Имаше психички проблеми и поради тоа доби пониска казна“
, гласеше оправдувањето на судските власти во Германија.

– Моника три пати беше прободена во грбот. Еднаш од Пахке, вториот пат од тенисот. И зборуваа дека тоа е нејзин проблем и сакаа да и го земат првото место. Третиот убод беше од Германија бидејќи личноста која ја нападна не помина ниту еден ден во затвор – објаснува тенискиот новинар Питер Бодо.

Нападот на Селеш ја постигна целта во очите на Пахке, Штефи Граф се врати на првото место и повторно почна да доминира во женскиот тенис.

– Штефи Граф ја гледаа како божество, додека на Моника гледаа како олицетворение на злото. Тој напад не го направи вљубен навивач, тоа го направи политички, залуден фанатик. Ги мразеше Србите и рече дека тоа што го направи и помогна на Штефи да се врати на врвот – зборуваше адвокатот на Селеш, Герхард Страте на судењето.


Иако лекарите и предвидуваа брзо враќање на тернеите, Селеш паузираше дури две години и притоа падна во депресија, а откако се врати на терените никогаш повеќе не заигра на турнир во Германија. Дури и нејзините колешки и го свртеа грбот.

Според тогашните правила, повредените тенисерки имаат заштитен рејтин, но потребно е колешките да се изјаснат позитивно за тоа. Најдобрите 25 тенисерки на ВТА ранг листата имаат право да гласаат и во случајот со Моника Селеш дури 24 беа против, додека Габриела Сабатини беше воздржана.

Откако се врати на тениските терени, „малата Мо“ повеќе не беше истата тенисерка, триумфира на само еден турнир во Канада и потоа на Австралија Опен, а последиците од нападот беа толку големи што никогаш не успеа да се врати во својата претходна форма.

Со освоени 53 турнири и девет грен слем титули, Моника Селеш официјално во 2003 година се пензионира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот