На денешен ден се случи најневеројатниот момент во историјата на Светските првенства (ВИДЕО)

EPA/WDR

Зинедин Зидан пред точно 14. години го нокаутира Марко Матераци во финалето на Мундијалот во Германија.

На денешен ден пред точно 14 години се случи еден од моментите кои ја одбележија историјата во финалните натпревари. На СП 2006 година кое се играше во Германија во финалето се сретнаа селекциите на Франција и Италија.

Титулата им припадна на „аѕурите“ кои беа подобро во пенал рулетот, но финалето го одбележа еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Зинедин Зидан.

Зидан во 110. минута заработи директен црвен картон откако со глава го удри Марко Матераци во градите. Италијанецот падна како покосен, а судијата Хорасио Елизондо веднаш го исклучи Зидан кој подоцна изјави дека Матерација му ги опцул мајка му и сестра му.

Многумина не веруваа во овие зборови на Зидан и долги години беше мистерија што точно му кажа Матераци на Французинот за така да изреагира. На крајот тајната ја откри самиот Матераци.

– Зидан ми рече дека штом толку многу го сакам неговиот дрес, ќе ми даде по натпреварот. Јас му одговорив дека повеќе ја сакам неговата сестра отколку дресот – открива Матераци.

Токму Зидан и Матераци беа стрелци на головите во регуларниот дел, а потоа Италија во пенал серијата славеше со 5:3 и ја освои четвртата титула светски шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот