На денешен ден Новак Ѓоковиќ го изведе ударот кој од корен ги промени случувањата во тенисот

Пред 10 години Ѓоковиќ со еден потег успеа да се спаси од пораз и потоа да дојде до титулата на УС Опен/ фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Пред точно десет години на денешен ден, Новак Ѓоковиќ го изведе еден од најспектакуларните уадри во тенисот – ретерн од речиси безизлезна ситуација во петтиот сет од драматичното полуфинале на УС Опен против Рожер Федерер.

Федерер водеше со 2:0 во сетови, Ѓоковиќ успеа да се врати и да израмни, а во одлучувачкиот петти сет при водство од 5:3 во гемови и 40-15 за Федерер, Новак направи потег кој ги смени случувањата во тенисот. Федерер сервираше за пласман во финалето, имаше предност од 40:15 и во тие моменти Новак изведе неверојатен ретерн од кој Швајцарецот не можеше да се опорави. Ѓоковиќ ги сврте работите во своја корист, прво направи прејк, а потоа освои уште три гема и се пласира во финалето (6:7,4;6.6:3,6:2,7:5) каде го победи Рафаел Надал во четири сета (6:2,6.;4,6:7,6:1).

По мечот, глава вест беше реакцијата на Федерер кога му беше поставено прашање поврзано со ретернот на Ѓоковиќ: Кога тенисер ќе погоди удар како тој форхенд на меч топка, дали е тоа среќа или е самодоверба?

– Самодоверба? Мора да се шегувате, ве молам. Видете, некои играчи растат играјќи така. Се сеќавам кога во јуниорска конкуренција губев мечеви. Губат од 5:2 во третиот сет и почнуваат да удираат топчето без врска. Од некоја причина, секој удар им е прецизен бидејќи така научиле да играат кога се во негатива. Јас никогаш не сум играл на тој начин, верувам дека напорната работа ќе се исплати. Затоа ми е тешко да разберам како може некој да одигра таков удар на меч топка, но можеби тој ова го прави 20 години и тоа му е нормално. Мора него да го прашање – рече Федерер.

Тоа беше четвртта грен слем титула за Новак Ѓоковиќ, а оттогаш освои уште 16 грен слем трофеи и вечерва (еден часот по полноќ) има шанса да обезбеди пласман во финалето и да се бори за 21 трофеј од најголемите и најпрестижните тениски турнир. Противник во полуфиналето ќе му биде Александер Зверев.

 

Видео на денот