На денешен ден НБА лигата го запозна Мајкл Џордан (ВИДЕО)

Пред точно 36 години, на денешен ден Мајкл Џордан дебитираше во НБА лигата.

На 26. октомври 1984 година на паркетот во сега веќе срушената сала „Чикаго стадиум“ за прв пат на НБА паркетите стапна кошаркарот на Чикаго булс во дресот со број 23.
Тоа беше на натпревар против Вашингтон булетс (сега визардс), а самиот учинок на Џордан беше најава за тоа што може да се очекува од него во продолжение од кариерата.
Џордан натпреварот го заврши со 16 поени, седум асистенции, шест скокови, четири блокади и две украдени топки, а неговиот тим славеше со 109:93.


На крајот од сезоната Мајкл Џордан беше избран за дебитант на годината, а сезоната ја заврши со просек од 28.2 поени, 5.9 асистенции, 6.5 скокови и 2.4 украдени топки по натпревар.

До крајот на кариерата Мајкл Џордан за многумина стана најдобар кошаркар во историјата. 14 пати настапи на Ол стар натпреварите, освои шест шампионски титули и шест пати беше прогласен за МВП на финалето, а пет пати беше избран и за МВП на регуларниот дел на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот