На денешен ден Ибрагимов го донесе првиот олимписки медал за Македонија! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/tokyo2020.org

На 1 октомври 2000 година на Летните Олимписки игри организирани во Сиднеј (Австралија), нашата земја преку борењето успеа да се закити со првиот медал на најголемото спортско натпреварување.

Пред точно 20 години Магомед Ибрагимов во категоријата до 85 кг. во слободен стил во борбата за бронзениот медал успеа да го совлада Амир Реза Хадем од Иран (4:1).

На патот до финалето Ибрагимов (борач со потекло од Дагестан) славеше победи против Давид Бичинашвили (Украина) и Тацуо Каваи (Јапонија).

Во четвртфиналето со 4:2 го елиминираше Американецот Чарлс Бартон, а во полуфиналето го претрпе единствениот пораз од Адам Саитиев (0:3).

Токму Русинот Саитиев на крајот се закити со златото откако во финалето беше подобар од Кубанецот Јоел Ромеро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот