На денешен ден Ѓоковиќ по петти пат го освои „Вимблдон“! (ВИДЕО)

фото: твитер

Најдобриот тенисер на светот, на денешен ден (14 јули 2019 година) докажа уште еднаш дека е еден од најголемите спортисти на сите времиња.

Новак Ѓоковиќ пред точно една година во големото финале на грен слем турнирот „Вимблдон“ славеше против Рожер Федерер.

Српскиот тениски ас во еден од најголемите мечеви во историјата успеа да слави во три тај-брејка од кои последниот беше супер тај-брејк, бидејќи се играше во петтиот сет при резултат 12:12.

Тоа беше вкупно петта титула за Ноле на „Вимблдон“, претходно истиот го освои во 2011, 2014, 2015 и 2018 година.

На видео записот можете да ги погледнете најинтересните моменти од финалниот дуел:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот