На денешен ден е роден Алфред Нобел: Основачот на најпрестижната награда во светот

Фото: Profimedia

На денешен ден, 21 октомври 1833 година, во Стокхолм бил роден Алфред Нобел. Неговото семејство потекнува од Олоф Рудбек, најпознатиот технички гениј во Шведска во 17 век, ера во која Шведска била најголема моќ во северна Европа. Нобел течно зборувал неколку јазици, пишувал поезија и драми.

Како човек бил многу заинтересиран за социјалните прашања, прашања поврзани со мирот и имал ставови што се сметале за радикални во тоа време.

Алфред бил хемичар, инженер, претприемач, научник и бизнисмен, кој исто така пишувал поезија и драма. Неговите разновидни интереси се рефлектираат во самата награда чиј темели ги поставил во 1895 година кога го напишал својот тестамент, оставајќи најголем дел од своето богатство за основање на Нобеловата награда.

Од 1901 година, Нобеловата награда е најпрестижната награда во целиот свет, славејќи ги извонредните достигнувања во физиката, хемијата, физиологијата или медицината, литературата и мирот.

Според волјата на Алфред Нобеловата награда се доделува „на оние кои, во текот на претходната година, му дадоа најголема придобивка на човештвото“.

Фото: Rafael Ben-Ari / Avalon / Profimedia

Церемонијата на доделувањето на наградите се одржува во Стокхолм, додека наградите за мир се доделуваат во Осло.

За Нобелова награда за мир биле номинирани и Хитлер, Сталин и Мусолини иако, за среќа, наградата не била доделена на никој од нив. Но, од друга страна, пак, ниту Махатма Ганди никогаш не добил награда, иако бил номиниран пет пати.

Секој добитник, покрај златниот медал и диплома, добива и одредена сума пари од Нобеловата фондација.

Жан-Пол Сартр во 1964 година ја одбил Нобеловата награда за литература, во 1973 година и виетнамскиот генерал Ле Дук То го одбил признанието за мир. Винстон Черчил во 1953 ја добил оваа награда, но не за мир, туку за литература.

Најмладиот добитник е 17 годишната Малала Јусуфзаи, додека најстариот нобеловец е Јозеф Ротблат, кој доби награда за мир на 87 годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот