На денешен ден: „Божјата рака“ на Диего Марадона! (ВИДЕО)

На денешен ден (22 јуни 1986 година) беше одиграно четвртфиналето на Светското првенство во Мексико, кога Аргентина ја совлада Англија со легендарните голови на Диего Марадона.

И двете репрезентации на овој Мундијал дојдоа со желба да ја освојат титулата, на крајот „гаучосите“ се најдоа на врвот.

Диего Армандо Марадона на тој меч против Англичаните го постигна и еден од најконтроверзните голови во историјата на светскиот фудбал, но исто така и еден од најубавите во својата професионална кариера.

Погодокот за водство се случи во 51 минута, познат како „Божја рака“. Во април славниот Аргентинец имаше изјава околу голот и за кој призна дека скокна, но недоволно високо за да ја удри топката со глава.

Англија веднаш бурно реагираше дека голот е реализиран со рака, но главниот судија од Тунис само покажа кон центарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот