На денешен ден Балканот доби голема музичка ѕвезда, легендарните „Metallica“ го објавија албумот „Master of puppets“ и уште неколку настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

На денешен низ музичката историја се сеќаваме на многу настани кои оставија голем белег до ден денеска, а во продолжение прочитајте за некои од најважните…

1948 година – Роден Сноу Вајт, англиски блус гитарист, познат по работата со Питер Грин и групата „Pink Floyd“.

1969 година – „Led Zeppelin“ настапи во емисијата на Џон Пил, „Top Gear“, во програмата на „Би-Би-Си, „Radio one“. Нов ваков сличен настап, славните рокери имаа само две седмици подоцна во шоу програмата на Алексис Корнер, „Rhythm and blues“, а потоа во текот на јуни учествуваа на уште три вакви сесии.

1972 година – Стиви Вондер го објави албумот „Music my mind“, првиот наслов од серијата му која припаѓа на неговиот таканаречен „classic period“, кога пејачот ги објави своите најголеми хитови. Од 1972 до 1976 година Стиви Вондер објави четири албуми – „Talking book“, „Innervisions“, „Fulfillingness’ first finale“ и „Songs in the key of life“, а четири од нив влегоа на листата од 500 најдобри албуми на сите времиња.

1972 година – Групата „Jethro Tull“ го објави својот петти студиски албум под назив „Tick as a brick“, концептуално дело кое содржи само истоимени музички теми во два дела, во траење од 21, односно од 23 минути.

1973 година – Југословенскиот избор за песна на Евровозија за првпат беше организиран во Опатија, а значаен е поради раѓањето на новата музичка ѕвезда, со победата на Здравко Чолиќ со песната на Кемал Монтено – „Гори ватра“.

Фото: Принтскрин

1979 година – Френк Запа го објави двојниот албум „Sheik yerbouti“, кој содржи материјал од неколку различни концерти во живо, одржани во 1977 и 1978 година, а изданието стана едно од најуспешните на светските топ листи.

1986 година – „Metallica“ го објави својот трет албум „Master of puppets“, според многумина највлијателниот и најдобар метал албум на сите времиња. Ова издание е продадено во шест милиони копиии. Ова беше и последниот албум со басистот Клиф Бартон, кој загина во несреќа истата година, неколку месеци подоцна. 

The post На денешен ден Балканот доби голема музичка ѕвезда, легендарните „Metallica“ го објавија албумот „Master of puppets“ и уште неколку настани кои ја одбележаа музиката низ историјата… appeared first on Еспресо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот