На денешен ден – 8 април

на денешен ден
На денешен ден / Фото: Инстаграм

1936 – Умрел австрискиот лекар Роберт Барањи, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1914 година. Ја расветлил функцијата на вестибуларниот апарат – орган што ја регулира рамнотежата на човечкото тело и тонусот на мускулите. Тој придонесол за подобро запознавање на функциите на малиот мозок и лекувањето на некои заболувања на тој дел од мозокот.

1973 – Во својата вила, во малото место Мужен, на француската ривиера, умрел Пабло Пикасо (вистинското име му е Роиуз), шпанско-француски сликар, еден од најголемите светски сликари. Тој е основач на кубизмот. Посебно место во неговиот уметнички опус заземаат композициите „Госпоѓиците од Авињон“, „Герника“ и големата ѕидна слика во палатата на УНЕСКО во Париз. Тој се соживеал со скопската трагедија од земјотресот во 1963 година и бил меѓу првите кои се огласиле на солидарната акција за собирање уметнички дела, испраќајќи ја својата позната слика „Глава на жена“. Роден е во Малага, Шпанија, на 25 октомври 1881 година.

2012 – Во Канада, во Сатон Вест, умрел Методија (Тед) Петков, најстариот Македонец во светот, кој на 31 јануари го прославил 108-миот роденден. Петков на јубилејната прослава по повод државниот празник 8 Септември, на покана од генералниот конзул на Македонија во Торонто, Драган Ѓурчевски, го подигнал македонското знаме во паркот пред Парламентот на Онтарио во Торонто. Роден бил во селото Цапари, Битолско, а во Торонто се доселил во 1930 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот