На денешен ден – 26 јануари

на денешен ден
На денешен ден / Фото: Инстаграм

1531.- Лисабон го погодил катастрофален земјотрес при што загинаале околу 30.000 луѓе.

1788.- 736 затвореници од Англија пристигнале во Австралија, во Порт Џексон (денешен Сиднеј), и ја формирале првата европска колонија на новиот континент. Ден на Австралија.

1827.- Перу прогласи независност.

1841.- Прогласена британска сувереност над Хонгконг. По шест дена Кина била принудена да го отстапи на Велика Британија.

1905.- Кај Преторија во Јужна Африка откриен е „Калинан“, најголемиот дијамант во светот, со вредност од 3.106 карати.

1925.- роден е Пол Њумен — американски филмски глумец и режисер.

1928.- роден е Роже Вадим — француски филмски режисер.

1934.- Потпишана е германско-полска изјава за ненапаѓање и за мирно решавање на споровите. Со тоа Хитлер доби безбедност на исток и можеше да тргне во освојување на Подунавје. Излегувањето на Полска од францускиот блок значеше голема пукнатина на европскиот систем на колективна безбедност и успех на Хитлер.

1942.- Втора светска војна: САД упатија први сили во Европа, во која во тоа време војна се водеше само на Источниот фронт и на подрачјето на Југославија. Трупите беа стационирани во Северна Ирска.

1946.- Излезе од печат првата граматика на македонски јазик што ја напиша професорот Круме Кепески.

1950.- Индија формално е прогласена за Република во рамките на Британскиот комонвелт.

1963.- роден е Милко Ѓуровски — југословенски и македонски фудбалер и тренер.

1963.- роден е  Жозе Мурињо — португалски фудбалер и тренер.

1993.- Вацлав Хавел е избран за прв претседател на Чешка.

1994.- Романија стана прва поранешна членка на Варшавскиот пакт која со НАТО пактот потпиша Документ „Партнерство за мир“.

1994.- Во Рим, Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународен фонд за земјоделски развој (ИФАД).

1996.– Американскиот сенат го одобри договорот „Старт-2“ за намалување на бројот на американските и руските нуклеарни ракети.

2015.- Алексис Ципрас од Коалицијата на радикалната левица (СИРИЗА) станува Премиер на Грција.

2020.- почина Коби Бин Брајант американски професионален кошаркар, кој играл во НБА за екипата на „Лос Анџелес Лејкерс“. Бил висок 198 см, тежок 95 кг и играл на позицијата бек. Коби имал одлична кошаркарска кариера во средното училиште Ловер Мерион во Пенсилвенија каде што бил познат како најдобар средношколски кошаркар во државата. Роден е на 23 август 1978 година. Коби Брајант бил избран на НБА драфтот во 1996 година, како 13-ти пик од страна на Шарлот Хорнетс, директно од средно училиште. Тој спаѓа меѓу ретките играчи од НБА кои се драфтувани на тој начин. Сепак, Брајант не одиграл за „Хорнетс“ ниту еден натпревар, бидејќи менаџерот на „Лејкерс“ Џери Вест веднаш направил трампа, па така Владе Дивац заминал за „Шарлот Хорнетс“, а Коби Брајант дошол во „Лејкерс“. Во февруари 2016 година, на 65. издание на „Ол стар“, Брајант го одиграл последниот натпревар на овој настан при што постигнал 10 поени.[3] Подоцна, во април, Брајант го одиграл последниот настап во НБА. Притоа, во натпреварот против „Јута џез“, одигран на домашен терен, во „Стејплс центарот“ во Лос Ангелес, Брајант постигнал 60 поени. Така, тој станал петтиот играч во историјата на НБА кој одиграл 20 сезони (но, првиот играч кој сите нив ги одиграл во едне клуб) во кои освоил пет шампионски прстени, постигнал 30.000 поени, имал над 6.000 асистенции, 18 пати настапил на „Ол-стар“ натпреварите, двапати бил прогласен за најкорисен играч (МВП) на сезоната, а со репрезентацијата на САД освоил два олимписки медали. Најпосле, тој е вториот играч во историјата на НБА со најмногу постигнати поени на еден натпревар (во 2006 година, во натпреварот против „Торонто репторс“ постигнал 81 поен). На 26 јануари 2020 година, Брајант загина во хеликоптерска несреќа во Калабасас, Калифорнија.[5] Во несреќата загинала и неговата 13-годишна ќерка Џијана Марија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот