На денешен ден – 25 октомври

на денешен ден
На денешен ден / Фото: Инстаграм

732.- Францускиот владетел Шарл кај Поатје ја поразил инвазиската војска на Сарацените под команда на валијара Абд-ар-Рахман, припадник на екстремно фанатистичката муслиманска секта, што му го донела прекарот „Шарл Чеканот“ (Мартел).

1154.- Умрел англискиот крал Стивен, внук на Вилијам Освојувачот, кој во текот на своето владеење покажал голема храброст и политички вештини предводејќи ја војската во многу битки во граѓанската војна.

1400.- Во Лондон умрел Џефри Чосер, најголемиот англиски поет во средниот век, еден од основачите на англиската литература, современик на Петрарка и на Бокачо. Негово најзначајно дело е „Кентерберски приказни“. Тоа е првото позначајно остварување на англиски јазик. Други негови познати дела се „Парламент за птици“, „Троил и Кресида“ и други. Роден во Лондон, во 1340 година.

1647.- Умрел италијанскиот физичар и математичар Еванџелиста Торичели, пронаоѓач на живиниот барометар, т.н. Торичелиева цевка.

1825.- Во Виена е роден Јохан Штраус – помладиот, австриски композитор, виолинист и диригент. Тој бил создавач на класичката виенска оперета во која доминирал валцерот. Негови најважни дела се оперетите „Лилјакот“, „Циганскиот барон“, валцерот „На убавиот син Дунав“ и други. Умрел во Виена, на 3 јуни 1899 година.

1838.- Во Париз е роден Жорж Бизе, француски композитор, автор на многу познатата опера „Кармен“ – најуспешното дело на францускиот реализам. Компонирал околу 50 соло-песни, една симфонија, свита и една увертира. Неговите опери се „Иван Грозни“ и „Ловци на бисери“ (како и „Кармен“) и истите се изведуваат на сите големи сцени во светот. Умрел во Бугивал, во близина на Париз на 3 јуни 1875 година.

1936.- Нацистичка Германија и фашистичка Италија ја формирале Оската Рим-Берлин, со што бил зацврстен сојузот на водечките фашистички држави во Европа. „Оската“ подоцна со вклучувањето на Јапонија за кусо време станала првокласна меѓународна воена и политичка групација и извор на империјалистички амбиции и агресивни планови.

1936.- Предаден бил во употреба часовникот на Саат-кулата во Битола подарок од Народниот сојуз на Германија. Истата била подарена во знак на благодарност што битолчани им дале на Германците план за изградба на Тврдината на загинатите германски војници во Првата светска војна на боиштето на Македонскиот фронт. Саат-кулата се претпоставува дека е изградена во 17.век или во 1830 година кога е изградена црквата „Свети Димитрија“.

1944.- Јапонците првпат извршиле напад со „камикази“ (пилоти-самоубијци) против американската морнарица во заливот Лејт на островот Самар, во Филипинскиот архипелаг. Притоа, потобени биле три носачи на авиони и три десантни брода. Јапонија во текот на војната извршила вкупно 2.314 напади од кои целта ја погодиле 474 „камикази“.

1945.- Во Португалија на престолот застанал кралот Мануел I, кој современиците му го дале прекарот Мануел Велики или Мануел Среќниот. За време на неговото владеење до 1521 година земјата економски и политички процветала и станала светска поморско колонијална сила од прв ред. Им дал голема материјална помош на истражувачките потфати на морепловцие Васко де Гама, Дијас де Новаес Бартоломеј, Дијего Кам, Педро Алварез Кабрал, со што одлучувачки придонел во откривањето на поморскиот пат за Индија и откривајќи го Бразил, по што и Индија и Бразил станале португалски колонијални имоти.

1971.- НР Кина била примена во членството на ООН.

1993.- Мелина Меркури, актерката во филмот „Никогаш во недела“, која ја добила функцијата министер за култра во Атина, ветила дека ќе се бори за враќањето на мермерните украси од Британскиот музеј, антички орнаменти кои го краселе Партенон. „Никогаш не почнувам борба без да ја продолжам и без да ја завршам“, изјавила Меркури. Сите британски влади одбиле да ги вратат мермерите, бидејќи тоа ќе значело преседан, со кој музеите низ светот ќе ги загубат своите богатства.

1994.- Седум слики на шпанскиот сликар Пабло Пикасо биле украдени од една уметничка галерија во Цирих, соопштила полицијата. Вредноста на сликите била проценета на 250 милиони швајцарски франци, односно 208 милиони долари.

1995.- Амбасадата на Република Турција во Скопје го информирала Министерството за надворешни работи на Република Македонија дека Република Македонија била примена за полноправна членка на Црноморската конвенција за соработка во областа на културата, образованието, науката и информирањето.

2003.- Под обвинение за измама и огромни неплатени даноци бил уапсен најбогатиот руски државјанин Михаил Ходорковски, мнозински акционер на гигантската нафтена компанија „Јукос“.

2011.- Пред изгејсонце бил погребан либанскиот лидер Моамер Гадафи на тајно место во либанската пустина. Заедно со Гадафи биле погребани и неговиот син Мутасим и поранешниот либиски министер за одбрана Абу Бакр Јунис. На погребната церемонија на која исламските духовници прочитале молитви, присуствувале роднини на починатите и претставници на либиските власти. Телата на Гадафи, на неговиот син и на Јунис, кои биле убиени на 20 октомври, неколку дена стоеле во еден ладилник во Мисурата.

2011.- Островските држави Куракао и Сент Мартен биле примени за асоцијативни членки на Организацијата на ОН за образование, наука и култура УНЕСКО. Одлуката бил донесена едногласно на првата седница на Триесет и шестата сесија на Генералната конференција на УНЕСКО. Со приемот на овие две држави, УНЕСКО имала 201 членки и станала најмногучлена организација во семејството на ОН.

2011.- Умрел првиот претседател на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, судијата Антонио Касазе. Касазе бил првиот претседател на Хашкиот трибунал од 1993 до 1997 година, а потоа бил судија на Специјалниот суд за Либан и една од водечките личности заслужени за развојот на меѓународното хуманитарно право.

2017.- На возраст од 89 години почина Фетс Домино, еден од највлијателните рокенрол изведувачи во 50-те и 60-те години. Славата ја стекна како пијанист, пејач и текстописец, а ќе остане запомнет по хитовите „Ain’t That a Shame“, „Blueberry Hill“, „Walkin` to New Orleans“ и многу други. Успешната кариера ја започна во 1949 година со песната „The Fat Man“, која беше продадена во повеќе милиони копии, што не беше случај со тогашната рокенрол сцена. Овој музичар од Њу Орлеанс продал повеќе од 65 милиони плочи, тираж кој во 50-те години го надмина само Елвис Присли. Тој имал 40 песни на топ листите за 11 песни на топ листите за 10 најдобри поп песни. На еден концерт, Присли го претстави како човекот кој имал најголемо влијание на него на почетокот на кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот