На денешен ден – 19 август

на денешен ден
На денешен ден / Фото: Инстаграм
  1. Починал Федерико Гарсија Лорка, шпански поет, драмски писател, пијанист, сликар и музичар. Тој се смета за еден од најголемите лиричари воопшто, а неговото творештво извршило големо влијание врз развојот на европската поезија. Кога избила Шпанската граѓанска војна, тој бил во Визнар, Гранада, а фашистичките војници го заробиле и стрелале. Телото му го фрлиле во незнаен гроб и по налог на диктаторот Франциско Франко, пробале да ги уништат сите негови дела и строго било забрането изговарањето на неговото име.

 

  1. СССР го лансираше сателитот „Спутник 5“, во кој биле кучињата Белка и Стрелка, 40 глувци, 2 стаорци и многу видови растенија. Целта на експериментот била да се истражи можноста за живот на живите суштества во космосот и влијанието на животот во вселената на живите суштества. Тежок бил 4.600 кг, а во вселената поминал само еден ден.

 

  1. Во Велес роден е Пепи Манасков, поранешен македонски ракометар и член на македонската ракометна репрезентација, кој поради своите квалитети и популарност е сметан за легенда на македонскиот ракомет и прогласен е за најдобар македонски ракометар на 20 век. Во моментов е тренер на РК „Куманово“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот