На денешен ден – 18 август

на денешен ден
На денешен ден / Фото: Инстаграм

1850. Починал Оноре Де Балзак, француски писател на романи и драми. Неговото најголемо дело е збирката романи „Човечка комедија“, која раскажува за животот во Франција по заминувањето на Наполеон. Тој се смета за еден од
предводниците на реализмот во европската литература. Негови познати дела се:
„Чичко Горио“, „Роднината Бети“, „Евгенија Гранде“ и други.

1960. Роден е американскиот глумец, сценарист и режисер Едвард Нортон. Во
1996 година за споредната улога во драмата „Исконски страв“ беше номиниран за
Оскар за најдобар актер во споредна улога. Една година подоцна за улогата на
поранешен скинхед во „Американска историја“ доби номинација за Оскар во
категоријата најдобар актер во главна машка улога. Други негови филмови се
„Небесното кралство“, „Илузионист“, „25-от час“ и други. Режисерско деби имаше
со филмот „Задржување на вербата“ во 2000 година.

1943. На Славеј Планина, Дебрца, формиран е првиот македонски одред „Мирче
Ацев“. Овој ден се слави како ден на Армијата на Република Македонија. Како
вооружена сила на граѓаните на Република Македонија, со постојаниот и
резервниот состав, се организира, подготвува и оспособува за водење вооружена
борба и борбени и други дејствија за остварување на својата уставна улога и
функција за одбрана на Република Македонија, како и за учество во мисии и
задачи за одбрана и чување на мирот и безбедноста и за противтерористички
дејства во земјата и странство, во содејство или во состав на колективните
системи за безбедност и одбрана (НАТО, ЕУ, ПзМ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот