На денешен ден – 17 ноември

на денешен ден
Фото: Instagram

– Денеска е Меѓународен ден на студентската младина.

1558.- Умре англиската кралица Мери I Тјудор, ќерка на Хенри VIII. На англискиот престол дојде кралицата Елизабета, за време на чие владеење Англија ги консолидира внатрешните состојби, се ослободи од притисокот на Шпанија и излезе со своите бродови на сите светски мориња. Истата година, англиската флота ја порази шпанската “непобедлива армада” и со тоа ја начна моќта на својата соперничка во освојувањето на колониите.

1587.- Роден е холандскиот писател Јост ван ден Вондел, најплодниот и најзначајниот книжевник на холандскиот барок. Пишува патриотски, сатирични и пригодни песни, а во драмите обработува библиски, антички и историски теми со кои значително влијае на европската литература. Дела: драми: „Псха“, „Паламед“, „Хизбрехт ван Амател“, „Луцифер“, „Јефта“.

1755.- Роден е францускиот крал Луј XVIII, кој владее во времето на реставрацијата по падот на царот Наполеон I. Титулата крал ја носи од 1795 година, но вистински владее од 1814 до својата смрт во 1824 година, кога на престолот го наследува братот Шарлс X. Нивниот трет (прв) брат кралот Луј XVI е погубен на гилотина во 1793 година, во време на Француската револуција.

1788.- Роден е рускиот глумец Михаил Семјонович Шчепкин, најзначајниот уметник на рускиот и светски театар во првата половина на 19. век, кој настојуваше да ги објасни  тајните на актерството.

1800.- Конгресот на САД првпат се состана во новата престолнина Вашингтон, а американскиот претседател Џон Адамс стана првиот станар на официјалната резиденција на претседателот на САД, подоцна наречена Белата куќа.

1855.- Шкотскиот истражувач Дејвид Ливингстон ги откри водопадите на реката Замбези, наречени по англиската кралица Викториини водопади. Нивната ширина изнесува 1.717 метри, а висината е околу 100 метри.

1858.- Умре велшкиот филантроп Роберт Овен, социјалист-утопист и социјален реформатор, индустријалец кој своето богатство го потроши на остварување на проектите на социјалните реформи. Тој и неговите следбеници се наречени „социјалисти“. Дела: „Нови погледи на општеството“, „Скица на рационалниот систем на општеството“, „Книга за новиот светски морал“.

1869.- Свечено е отворен Суецкиот Канал, најголем поморски канал, што се наоѓа во североисточниот дел на Египет, по должина на западната граница на Синајскиот Полуостров и ги разделува азискиот и африканскиот континент. Каналот е долг 161 км, на површината е широк 190 м, длабок од 12,8 до 16,2 м и ги поврзува Средоземното и Црвеното Море. Под раководство на Французинот Фердинанд Лесепс, а според проектот на австрискиот инженер Алоја Нагрели, каналот е копан цели десет години, почнувајќи од 1859 година. Вкупните трошоци за изградбата изнесуваа над 423 милиони тогашни франци, а исклучително тешките услови за работа однесоа речиси 20.000 човечки животи.

1887.- Роден е британскиот фелдмаршал Бернард Ло Монтгомери, еден од најпознатите сојузнички војсководачи во Втората светска војна. Историчарите го сметаат за најголем британски војсководец по Артур Велзли Велингтон. Победата на неговата Осма армија врз Африканскиот корпус на германскиот генерал Ервин Ромел во битката кај Ел Аламејн кон крајот на 1942 година, го сврте текот на војната во Африка.

1889.- Во Камник е роден Фран Албрехт, словенечки писател, еден од најстарите есеисти и критичари. Умре во Љубљана, на 11 февруари 1963 година.

1913.- Првите бродови минаа низ Панамскиот Канал. По должина од 82 километри, каналот беше отворен во 1914 година.

1917.- Умре Огис Роден, француски склуптор. Се смета за основоположник на модерната европска скулптура. Работеше во истиот период со сликарите импресионисти. Негова најзначајна заслуга е внесувањето на психолошкиот елемент и послободното третирање на скулптурската материја и на фигурата. Најпознати му се делата “Мислител”, “Бакнеж”, “Граѓаните на Кале”, “Балзак” и други. Роден е во 1840 година.

1943.- Американскиот весник „Њујорк тајмс“ првпат објави вест за партизанитеи истакна дека „против силите на Оската се борат само југословенските партизани под команда на Јосип Броз Тито“.

1945.- Во месноста Шеова, кај селото Баровица, на Пајак Планина, во нерамна борба против еден одред од 29 грчки монархофашисти загинаа деветмина родољуби на македонската ослободителна организација НОФ и борци против окупаторот.

1947.- Пуштена е во употреба железничката пруга Шамац – Сараево, долга 242 километри, во чија изградба учествуваа младински работни бригади од цела Југославија.

1954.- Египетскиот генерал Гамал Абдел Насер стана шеф на државата по падот на претседателот Мохамед Нагиби, со кој во 1972 година беше тргнат кралот Фарук I  и монархијата во Египет.

1958.- Суданската војска ја урна цивилната влада која траеше две години по стекнувањето независност, а за нов претседател на влада беше назначен генералот Ибрахим Абуд.

1969.- Советскиот Сојуз и САД во Хелсинки ги почнаа разговорите за ограничување на стратешкото вооружување.

1971.- Фелдмаршалот Вемид Таном Китикачорн со воен урар, без крвопролевање, ја тргна италијанската влада, го распушти собранието и го суспендира уставот, но суштината на италијанскиот монархистички режим не го доведе во прашање.

1971.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар е изведена првата опера на македонскиот композитор Трајко Прокопиев – „Разделба“, напишана според драмата „Печалбари“ од македонскиот писател Антон Панов. По диригенство на авторот, а во режија на Васил Ќортошев, во главните улоги настапија Георги Божиков, Евдокија Доброхотова, Анастасија Димитрова, Ана Липша – Тофовиќ и Никола Гагов.

1972.- Поранешниот претседател на Аргентина Хуан Перон се врати во земјата по 17 години бегство.

1974.- Првите собраниски избори во Грција по повеќе од 10 години и седумгодишната војна против управата завршија со убедлива победа на Нова демократија на Константин Караманлис.

1976.- Кина ја изведе најголемата нуклеарна експлозија во атмосферата.

1977.- Претседателот на Египет Анвар ел Садат ја прифати поканата за посета на Израел, игнорирајќи го незадоволството на арапските земји и на сопствената влада.

1984.- Светски ден на непушењето (прогласен е на Петтата светска конференција за пушењето и за здравјето одржана во Канада во 1984 година).

1989.- Бугарското Собрание го смени Тодор Живков од функцијата шеф на државата.

1991.- Усвоен е Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на суверена и самостојна Република Македонија. На 16 ноември 2001 година, Собранието на Република Македонија ги прогласи 15-те амандмани за промена на Уставот на Република Македонија, иницирани од Рамковниот охридски договор.

1993.- Нигерискиот генерал Сани Абача ја тргна цивилната влада на Ернест Шонекан.

1996.- Во Република Македонија се одржаа првите локални избори по осамостојувањето на земјата – за градоначалници и за совети на 123 општини, односно 124 со градоначалникот и Советот на Град Скопје.

1997.- Најголемата египетска организација на исламските терористи „Ел Гама ел Исламија“ покрај храмовите во Луксор уби 58 странски туристи и четворица Египќани. Тоа беше дотогаш најкрвавиот терористички напад во Египет.

1998.- Израелското Собрание (Кнесет) со мнозинство гласови го ратификува „Вај договорот“ со кој е предвидено отстапување на делови од окупираните територии на палестинската самоуправа.

2002.- Поранешниот италијански премиер Џулио Андреоти е осуден на 24 години затвор како нарачател на убиство на новинарот Мино Пекорели во 1979 година. Една година подоцна, Врховниот суд на Италија донесе ослободителна пресуда во која е наведено дека доживотнот сенатор на никаков начин не е вмешан  во убиството.

2005.- Алберт II свечено е устоличен како монарх на Кнежеството Монако. Кнезот Алберт II му припаѓа на семејството Грималди.

2006.- Умре Ференц Пукаш најдобриот унгарски фудбалер во историјата на земјата.

2006.- Холандската Влада донесе одлука за целосна забрана за носење на бурки и шамии на јавни места со кои муслиманките го прекриваат своето лице.

2014. По долго боледување Скопје почина писателот Александар Ежов. Припадник е на генерацијата критичари која во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век остави силен печат во книжевниот живот, посебно на страниците на литературната периодика. Александар Ежов во тие години, познати како период на македонската книжевна конфронтација, беше уредник во издавачката куќа „Македонска книга“ и на списанието „Современост“. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1958 година. Александар Ежов е роден 1928 година во Прилеп.

Видео на денот