На Дел Потро не може да крене глава од проблеми: Убавата Софија се раздели со Аргентинецот (ФОТО)
Двојката неодамна ја прекина врската која ја започна во декември 2018 година.
Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро речиси целата кариера мака мачи со повредите поради кои во последните две години одигра само неколку турнири, а карантинот му донесе проблеми и во приватниот живот.
Дел Потро и Софија Мартинез ја прекинаа врската и тоа за време на карантинот.
– Да, вистина е. Хуан и јас раскинавме – изјави убавата Софија во шоуто „Los Angeles de la Mancanza“ и притоа потврди дека од Велигден повеќе не живеат заедно.
– Не знам што навистина се случи. Мислам дека периодот на изолација влијаеше на двајцата. Јас по Велигден заминав да живеам кај мајка ми и оттогаш воопшто не комуницираме, дури ни преку пораки.