На Давитков му заврши договорот, со нов селектор на патот кон ЕП 2021!

Фото: МКФ

Нема да му биде понуден нов договор на Давитков и наскоро се очекува да имаме нов селектор на сениорите.

Моментно се водат разговори, има согласности меѓу двете страни, а секако раководството на федерацијата ќе се обиде да пронајде едно искусно и квалитетно кошаркарско име на клупата. Можно е да биде домашен тренер кој работи во странство, а се шпекулира името на Октај Махмути кој е роден во Скопје, но тренирал екипи како Бенетон Тревизо, Галатасарај, Анадолу Ефес, Дарушафака…

– На Давитков му е истечен договорот, со него имавме состанок и му рековме дека ја почитуваме неговата работа. Преговараме со неколку имиња, нема да откриваме ништо. Наскоро ќе се дознае наследникот, односно новиот селектор на македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација – изјави Антиќ.

Да потсетиме, сениорите наредната година, поточно во февруари 2020 година ќе го започнат квалификацискиот циклус за пласман на наредното Европско првенство 2021. Нашата селекција се наоѓа во група со Русија, Естонија и Италија, и првопласираните три селекции од групата ќе обезбедат настап на континенталниот собир.

Да додадеме уште дека на најновата ФИБА листа се наоѓаме на 53 место, што значи пад од 11 позиции во однос на последното рангирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот