На Челси му се услади да пазари во Дортмунд, следен е Санчо

twitter/Jadon Sancho

Екипата на Челси доби дозвола да купува фудбалери во јануарскиот преоден рок и веднаш е подготвена за сензационален трансфер. Според англиските медиуми, Челси работи на финализација на трансферот на англиската сензација Џејдон Санчо кој настапува за Борусија Дортмунд.

Висината на трнасферот се очекува да изнесува дури 120 милиони фунти, со што Санчо во станал најскапиот англиски фудбалер во историјата.

Интересот за младиот 19-годишен фудбалер е огромен, покрај Челси голем интерес пројавија и Ливерпул, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ, но се чини дека тој на крајот ќе заврши на „Стемфорд бриџ“.

Оваа сезона, Санчо настапи на 24 натпревари за Борусија Дортмунд и притоа има одличен учинок од 12 голови и 13 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот