На булеварот во Тетово се играше хокеј

Играње хокеј, изведба на музички точки, прегледи за висина и тежина, возење велосипеди, штандови и слични активности денеска се изведоа на коловозните ленти на булеварот „Илирија” (поранешен Маршал Тито) во Тетово по повод одбележувањето на 22 септември – Светскиот ден без автомобили. Булеварот беше затворен за сообраќај за да можат учесниците да ги спроведат активностите.

– Општина Тетово како општествено-одговорна општина и во овој период од годината го организира по втор пат настанот – Ден без автомобили со затворање на една или повеќе улици за сообраќај и ги отвора улиците за пешаци и велосипедисти. Одбележувањето на овој ден треба да ги поттикне граѓаните да замислат еден поинаков град кој ќе биде во функција на луѓето, а не на автомобилите, изјави Беким Мемети, претседател на Советот на Општина Тетово.

Активностите ги изведоа средношколците од сите средни училишта во Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот