На булеварот „Кочо Рацин” градежните работи се изведуваат ноќе – Слободен печат
ВестиСкопје

На булеварот „Кочо Рацин” градежните работи се изведуваат ноќе

Екипите, како што се наведува, синоќа го отстрануваа стариот и оштетен коловоз на потегот од крстосницата со улицата „11 Октомври" до крстосницата со улицата „Свети Кирил и Методиј".

Град Скопје соопшти дека со засилено темпо се извршуваат градежните работи од проектот за реконструкцијата на булеварот „Кочо Рацин”, на потегот од булеварот „Кузман Јосифовски – Питу” до улицата „Свети Кирил и Методиј” во должина од 880 метри.

Екипите, како што се наведува, синоќа го отстрануваа стариот и оштетен коловоз на потегот од крстосницата со улицата „11 Октомври” до крстосницата со улицата „Свети Кирил и Методиј”.

Град Скопје информира дека продолжува да го применува истиот принцип на брза и квалитетна работа и реконструкциите на сите улици во текот на оваа градежна сезона ги завршува со рекордно кратки рокови со цел да го намали сообраќајниот метеж.

Додека траат градежните работи, на булеварот „Кочо Рацин” е воведен привремен режим на сообраќај.

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close