На бугарските избори во Македонија ќе гласаат 169 Бугари

Фото: 24.mk

На претстојните предвремени парламентарни избори во Бугарија што ќе се одржат на 2 април, во Македонија ќе гласаат вкупно 169 Бугари, објави бугарското Министерство за надворешни работи, пренесувајќи податоци од Централната изборна комисија.

Според списоците што ги објави Централната изборна комисија, за гласање во бугарската амбасада во Скопје пријавени се 15 лица, а во Генералниот конзулат во Битола ќе гласаат 9 лица. Во Кавадарци ќе се гласа во хотелот Уни Палас и таму се пријавени 42 бугарски граѓани, во Прилеп се пријавени 41 лице, во струмичкиот хотел Илинден ќе гласаат 22 Бугари, а за гласање во Тетово во поранешната зграда на Радио Тетово пријавени се 40 лица. Можност за гласање имаше и во Охрид, но според податоците објавени на страницата на бугарското МНР, таму за гласање не се пријавил никој.

Инаку, на последниот попис во Македонија, како Бугари се изјасниле 3.504 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот