На брегот на Алјаска пронајдена ПОРАКА ВО ШИШЕ од времето на Студената војна

порака шише

На брегот на западна Алјаска пред извесно време е пронајдено шише во кое имало порака, напишана пред 50 години. Се верува дека е пронајден и авторот.

Човек по име Тајлер Иваноф раскажал дека додека се шетал покрај брегот налетал на зелено шише во кое имало рачо напишана порака. Тоа го објавил на Фејсбук, а корисниците кои зборуваат руски брзо ја превеле пораката. Се работи за поздрав од руски морнар, од времето на Студената војна, од 1969 година.

Во пораката била наведена и адреса. Руските новинари веруваат дека откриле и кој е автор на пораката, извесен капетан Анатолиј Ботсаненко.

Според нив, капетанот го препознал својот ракопис и изјавил дека пораката ја испратил додека бил на бродот Сулак, кој се градел од 1966 до 1969 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот