На брег во Франција најдени 900 КИЛОГРАМИ ДРОГА, уапсено 17-годишно момче

Фото: EPA-EFE/ ANGEL MEDINA G.

Речиси 900 килограми дрога, претежно кокаин, биле најдени во последните неколку недели на атлантскиот брег во Франција, соопшти обвинителството во градот Рен.

Обвинителството додало дека пакетите со дрога биле најдени од половина на октомври до 4. ноември долж целиот атлантски брег на Франција.

Како што е наведено во понеделникот, станува збор за „многу чист производ“.

Полицијата уапсила 17-годишно момче со пет килограми кокаин кој го земал од една плажа до која полицијата го забранила пристапот, бидејќи минатата недела овде биле пронајдени низа на пакети со дрога.

Обвинителството соопштило дека се разгледуваат различни претпоставки, но и дека веројатно дрогата стигнала во океанот поради хаварија на бродот кој ја превезувал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот