19.8 C
Скопје

На братот и на приврзаниците на Навални им е олабавен домашниот притвор

Судот во Москва денеска им ги олесни условите за домашен притвор на братот на затворениот опозиционер Алексеј Навални, Олег Навални, и на неколкумина негови приврзаници, соопшти групата за набудување на протестите ОВД-Инфо

Британските медиуми пренесуваат дека Олег Навални, Љубов Собол, Људмила Штајн и Константин Јанкаускас првично беа ставени во домашен притвор заради непочитување на мерките против ковид-19, за време на јануарските протести, организирани за поддршката на Навални.

Британските медиуми,повикувајќи се на Тасс, наведуваат дека московскиот суд со ново решение на четворицата им забранил да ги напуштат своите домови во периодот од 20 до 6 часот наутро.

Адвокатите на затворениот руски опозиционер, Алексеј Навални, кој во затворот штрајкува со глад, денеска изјавија дека неговата здравствена состојба се влошува, пренесуваат британските медиуми.

Амнести Интернешнл вчера предупреди дека Навални е затворен во услови што претставуваат тортура и можност за бавно убиство.

Поврзани вести

Лукаревска: Наша единствена алтернатива е ЕУ

Слободен печат

Пукотница во Старата скопска чаршија

Слободен печат

Филипче од Штип: Покажавме дека за нас зборот е збор, го имаме најдоброто за секоја општина

Слободен печат

Ексцентричен тајкун, креатор на најпознатата антивирусна програма, пронајден мртов неколку часа по одлуката за екстрадиција

Слободен печат

Заев тврди дека не разговарал со Ахмети за промена на знамето, грбот и химната

Слободен печат

Заев за новите проекти: Се воведува еколошка такса, ќе се инвестира во обновливи извори

Слободен печат

Остави Коментар