На „Богородица” за излез се чека 15 минути

На граничниот премин „Богородица” чекањето за вршење на задолжителните полициски и царински формалности за излез од држвава изнесува од 10 до 15 минути и засега се одвива во најдобар ред. За разлика од вчера границата не е споена со возила, велат за МИА од дежурната служба на ГП Богородица.

Оттаму истакнуваат дека се во функција пет ленти за поефикасно работење и побрз проток на автомобилите и туристите за излез од државава.

На грчка страна, каде вчера се чекаше повеќе часа, состојбата е подобра и чекањето е сведено на пократко време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот