На бизнисменот Метју Молдинг најважни му се вработените: Им дал подарок вреден 23,5 милиони евра

принтскрин/Youtube

Милијардерот Метју Молдинг заработи 930 милиони евра откако скокна цената на акциите на неговата компанија „Хат груп“.

Четириесет и осумгодишниот Молдинг ја основал компанијата со партнерот Џон Галемор во 2004 година, а тие заработиле вистинско богатство во изминативе 16 години. Иако според сопственото признание, тој доцна започнал да го користи интернетот, тој прв почнал да продава цедеа преку интернет, а денес неговиот бизнис се разгранува на 100 интернетски страници, кои се фокусираат на здравјето и убавината.

принтскрин/Youtube

Неговата компанија продава низа производи, од козметички до протеински додатоци. Покрај тоа, неговата фирма стои зад големите брендови како „Хонда“ и „Нестле“.

Иако „Хaт груп“ на берзата се нашла дури во септември, цените на акциите скокнаа, а Молдинг заработи огромни пари.

Но, до тоа не дошол лесно. Британските медиуми пишуваат дека тој работи по цели денови, а за да биде во функција, во „погон“, пие и до 20 кафиња дневно. Иако работи толку напорно, сепак се грижи за своето здравје и изглед и не пропушта да оди во теретана.

Тој е среќно оженет и редовно оди на луксузни одмори на Малдивите со семејството, сопругата и децата.

11 милиони евра за борба против коронавирусот

принтскрин/Youtube

Меѓутоа, никогаш не го заборавил своето скромно потекло и растењето во работничко семејство во скромната куќа. Затоа, целата своја годишна плата од 840.000 евра ја донира во добротворни цели. Тој исто така донирал и 11 милиони евра за борба против коронавирусот и повеќе од два милиона евра за медицинските работници на првата линија на борбата против коронавирусот.

Најважни му се вработените

Молдинг се погрижил и за оние што стојат зад неговиот успех, за своите вработени.

Минатата година, вработените во групацијата „Хaт“ во Манчестер поделиле меѓу себе акции на компанијата во вредност од 23,5 милиони евра, а неколку од нив станале мултимилионери поради тоа, рекол Молдинг.

Никој не доби помалку од неколку стотици илјади – додал тој.

принтскрин/Youtube

Меѓу нив е и неговата асистентка, која заработила толку многу од акциите што можела да се пензионира на само 36 години.

Со подемот на Џереми Корбин, атмосферата е насочена против приватното претприемништво, но постојат претприемачи кои сакаат да направат добра работа. Никој не е совршен, но ние сакаме да го споделиме нашето богатство – рекол Молдинг.

Откако е основана компанијата во 2004 година, на вработените им се поделени една петтина од нејзините акции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот