На билборди објавена порака: Во каков град сакаме да живееме

Здружението на граѓани „Здравје пред профит“, заедно со Институтот за комуникациски студии, на неколку локации во Скопје, преку рекламни билборди, ги прашува граѓаните: „Во каков град сакаме да живееме“. Билбордите се поставени низ Скопје во рамки на акцијата „Шанса за Центар, Шанса за Скопје“.

Здружението на граѓани „Здравје пред профит“ потсетува дека локалната власт во 2017 година пред изборите на кои го доби мандатот вети дека ќе се зафати со средување на урбаниот хаос и дека ќе ги коригира деталните планови кои не се усогласени со Генералниот урбанистички план, но четири години подоцна, локалната власт и државните институции одговорни за урбанистичките политики, не го одржаа ветувањето што го даваа кога требаше да ги добијат гласовите на жителите на Центар, нагласуваат од здружението.

Оттаму додаваат дека  во историјата на Скопје ќе остане запишано кој можел, а не го спречил урбаниот хаос што беше наследен од претходната власт.

-Ние како граѓанско здружение ќе се бориме за Скопје да добие шанса да биде модерен град со висок квалитет на живот во него. Бараме и инсистираме идните планови да се изработуваат со сеопфатни анализи на податоци, со почит кон јавниот интерес, по мерка на жителите, а не по желбите на инвеститорите. Граѓаните на Центар памтат и нема да дозволат повторно да бидат излажани ниту изманипулирани, велат од Здружението.

Поставувањето на билбордите е продолжение на акцијата „Шанса за Центар, Шанса за Скопје“ што ова здружение ја покрена во 2019 година заедно со Институтот за комуникациски студии.

– Тогаш локацијата кај „Холидеј Ин“ беше само повод, но „Шанса за Центар, Шанса за Скопје“ е потсетник за сите неусогласени планови на територијата на општина Центар за кои локалната власт и институциитее на државата ветија дека ќе ги усогласат и коригираат – велат од „Здравје пред профит“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот