На барање на гледачите тимот на 1ТВ ќе работи волонтерски

По приведувањето на Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13, кој ги застапуваше сопствениците на 1ТВ, од менаџментот на телевизијата решија да заминат на колективен одмор додека да се разреши скандалот од случајот „Рекет“.

Сепак, од вчера Информативната редакција на 1ТВ реши да продолжи со емитување на вести и информативни содржини, поради како што велат, барање на гледачите.

Од тимот на телевизијата нагласија дека ги предомислиле „бројните јавувања и реакции од нивните гледачи, со барања 1ТВ да ја продолжи својата програма, која во изминатата година на еден иновативен и професионален начин ја освежи и ја „разбуди“ македонската медиумска, особено телевизиска сцена, како што тоа одамна не се случило во медиумскиот простор на државава“.

Тие решиле тоа да го прават врз волонтерска основа, а до кога ќе трае волонтерското работење не се знае, односно објавија дека ќе работат се додека техничките услови им го овозможуваат тоа.

Целото соопштение прочитајте го тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот