На автопат во Хрватска: Вози со 200 км/час во спротивна насока! (ВИДЕО)

принтскрин

Видеото што се појави на фејсбук-страницата „Во живо од хрватските улици“, уште еднаш покажува дека некои возачи не се доволно внимателни и на тој начин го загрозуваат и својот живот, но и животот на другите учесници во сообраќајот.

Возачот на БМВ-то по автопатот возел со 200 км/час во спротивна насока, разминувајќи се со автомобилите, а возачите што му се приближувале веројатно не успеале ни да ги протријат очите за да поверуваат дали тоа што го гледаат е вистина.

Видеото го снимила група момчиња, на кои тоа прво им било забавно, но кога сфатиле дека може да биде кобно за нечиј живот, побрзале да го стигнат невнимателниот возач, му свиреле и му мавтале, обидувајќи се да го натераат барем да забави, бидејќи возел во спротивна лента, пренесува Јутарњи лист.

Меѓутоа, кога невнимателниот возач ги видел, стиснал на гас, веројатно мислејќи дека момчињата сакаат да се тркаат со него, несвесен дека веројатно некој од нив вози во спротивна насока. За среќа на крај сепак ја намалил брзината.

Други детали не се познати.

?????? KAKVA KAMIKAZA: Vozač BMW-a vozio suprotnim smjerom na autocesti A5 brzinom od 200 km/h! ☠️☠️☠️

Publiée par Uživo sa hrvatskih prometnica sur Lundi 21 octobre 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот