На автопат во близина на Триполи: Либискиот министер за внатрешни работи преживеа атентат

Фото: facebook

Министерот за внатрешни работи на Либија, Фати Башага денеска преживеа атентат на автопат во близина на главниот град Триполи.

Како што објавија западните медиуми, вооружени напаѓачи отвориле оган врз конвојот со возила, во кој се наоѓал и министерот, меѓутоа тој останал неповреден. Неговата полициска придружба одговорила на истрелите. Двајца од напаѓачите се уапсени, а третиот е во болница, изјави близок соработник на Башага, додавајќи дека „министерот е добро”.

Локалната телевизија „Либија 24“ соопшти дека еден од припадниците на обезбедувањето на министерот е повреден во нападот.

Возилата се движеле низ Триполи, откако Башага ја посетил Националната нафтена компанија и седиштето на безбедносните сили.

Моментно во либиското Министерство за внатрешни работи е прогласена вонредна состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот