На автопат снимено бизарно видео на маж и жена во автомобил кој се движел 100 км на час: Не можев да верувам што прават (ВИДЕО)

На интернет се појави видео на кое се гледа како возачот и совозачот во Тесла спијат за време на возење на автопат при брзина од сто километри на час.

-Бев вчудоневиден кога ги видов. Возев пред нив, возачот спиеше со наведната глава, рацете не му беа на воланот. Им свирев, но не реагираа. Изгледаа како да мораат да одат право во кревет, раскажа Дакота Рандал, кој двојката ја снимил и објавил на Твитер.

Иако возилата на Твитер имаат автопилот кој управува со нив, од компанијата ги предупредуваат возачите дека мора да бидат будни за време на возењето и да ги држат рацете на волан. Како што наведуваат тоа што автомобилот има автопилот не значи дека возачот треба да го остави без контрола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот