На Антарктикот снегот има крваво црвена боја, а беше измерена и највисоката температура досега! (ФОТО)

Украинската поларна станица на Антарктикот се најде во морничаво опкружување, откако околниот снег поприми крваво црвена боја, но научниците не се зачудени.

Фотографиите од истражувачката станица „Вернадски“ беа објавени на Фејсбук од страна на украинското Министерство за образование и наука, наведувајќи дека снегот е таков последните две недели.

Profimedia

Министерството исто така истакна дека нема причина за грижа поради климатските промени и глобалното затоплување, бидејќи снегот ја променил бојата поради морските треви со слој на црвен каротен, познати под името Chlamydomonas Nivalis.

Оваа трева за време на зимата е закопана длабоко под снегот, но штом се стопли таа избива на површината да се размножува, а на Антарктикот моментално е лето.

Profimedia

Меѓутоа, црвениот снег не е појава која се поврзува само со Јужниот пол. Исто така се јавува на Арктикот, Алпите и други планински региони, а сведоци на овој феномен велат дека мириса на лубеница.

Неодамна е измерена највисоката температура некогаш!

Profimedia

На Антарктикот во почетокот на февруари беше забележана температура поголема од 20 степени Целзиусови.

Profimedia

На островот Сејмор на 9 февруари беа регистрирани 20,75 степени, а уште еден рекорд беше забележан два дена претходно, кога аргентинската истражувачка станица на Есперанца измери 18,3 степени, што е најголемата температура забележана на Антарктикот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот