8 C
Скопје

Под мразот на Антарктикот откриени остатоци од древна прашума

Половите на Земјата веќе долго личат на ледени пустини. Животот таму не можел да опстане, па луѓето и повеќето животни се населувале во попријатна клима во близина на Екваторот.

Прашумите во умерените подрачја растеле таму за време на геолошкиот период креда во времето на диносаурусите, објави германскиот Институт Алфред Вегенер (АВИ), a резултатите од студијата се објавени во магазинот Нејчр.

„Бевме изненадени од тоа откритие“, кажа шефот на истражувањето и геолог на АВИ Јохан Клагес.

Според резултатите на истражувањето просечната годишна температура на Антарктикот била околу 12 степени Целзиусови во тоа време.

Тоа потврдува дека на Антарктикот немало мраз“, вели Клагес. Досега тоа само се претпоставуваше.

„Знаевме само дека тој период бил еден од најтоплите, но немавме докази од областа во близина на Јужниот пол“.

За време на експедицијата во 2017 година геолози ископале примероци од седиментите од крајбрежниот регион на западен Антарктик. Со компјутерска томографија го прикажале густиот коренски систем. Научниците успеале да ги идентификуваат клеточните структури на дрво, полен и спори на васкуларни билки и траги од цветни видови.

Прочитајте и...  ФОТО: Пред 20 години Хајди Клум ја красеше насловната на германскиот „Гламур“, а денес нејзината ќерка

Но тоа не било отсекогаш така.

Во текот на експедицијата во Амундсеновото Море во 2017 година, истражувачите продреле длабоко во земјата под морското дно на западниот Арктик на само околу 900 километри од Јужниот пол.

Она што го извлекле, посебно на длабочина од околу 30 метри, многу се разликува од составот на седиментите кои биле поблиску до површината.

„Првите анализи покажаа дека на длабочина од 27 до 30 метри под океанското дно пронајдовме слој кој првобитно е формиран на копното, а не во океанот“, вели геологот Јохан Клагес.
Дотогаш никој не земал примерок од периодот на креда од земјата од толку јужна точка на светот.

И покрај тоа, истражувачите не го очекувале тоа што подеталното испитување со рендгенската компјутерски томограф го откриле.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Ви здодеа изгледот на вашата стара кујна? Погледнете како со малку средства да ја претворите во нова и модерна!

Древна прашума од дното на океанот

Скенирањата опишале сложена мрежа на фосилизирани корени на билки. Со микроскопската анализа пронајдени се и докази за полен и прости видови животни, а сето тоа упатува на остатоци од древна прашума која постоела на Антарктикот пред околу 90 милиони години, велат палеолозите.

Темна зима во текот на четири месеци

Според проценката на тимот, благодарение на пукањето на континенталните плочи, местото на бушењето можело да биде неколку стотици километри поблиску до Јужниот пол, кога диносаурусите уште постоеле. Тогаш Јужниот пол би можел да биде во постојана темнина во текот на четирите месеци на зимата во Антарктик.

За да дознаат како оваа древна прашума можеој одамна исчезнат шумски регион.
Според симулациите, нивото на атмосферскиот јаглероден диоксид било значително повисоко од што мислеле научниците.

Прочитајте и...  Пролетен маникир во беж нијанси за префинет изглед

Во тоа суперзагреано окружување (со годишна просечна температура на воздухот од околу 12 степени на Антарктикот), густа вегетација го покрила целиот Антарктик.

Новите сознанија им пружаат на истражувачите многу поголемо разбирање на длабоката врска меѓу концентрациите на јаглерод диоксид и поларната клима во праисториските времиња кога диносаурусите уште оделе по земјата.

Освен ако не сакаме уште еднаш шумите да ги претвориме во најстудените места на Земјата и да ги пуштиме океаните да го прекријат светот, мора да ги разгледаме овие екстремни климатски промени кои веќе се случуваат на планетата, бидејќи ни покажуваат како изгледа ефектот на стаклена градина.

Поврзани вести

Горди и своеглави: Хороскопски знаци кои не сакаат никој да им наредува

Слободен печат

Откриено што бара Канје Вест од Ким Кардашијан во документите за развод

Слободен печат

Пролетен маникир во беж нијанси за префинет изглед

Слободен печат

Шест работи кои создаваат негативна енергија во домот: Оштетени чинии, чевли пред вратата, па дури и стари магазини

Слободен печат

Откриена тајната за најинтригантното кралско пријателство: Што и пишувал принцот Филип во писмата на Дијана?

Слободен печат

Харисон Форд и Бред Пит меѓу водителите на доделувањето на Оскарите

Слободен печат

Остави Коментар