На Антарктикот е измерена највисока температура во историјата (ВИДЕО)

Фото: : Zhang Jiansong/CHINE NOUV / Sipa Press / Profimedia

На Антарктикот е измерена највисоката температура во историјата, од 18,3 степени, со што претходниот рекорд од 2015 година е надминат за 0,8 степени, соопшти вчера Светската метеоролошка организација.

Највисоката температура на Антарктикот во историјата ја измери аргентинската истражувачка база „Есперанца“, а претходниот рекорд е забележан во март 2015 година, што значи дека загревањето на тој континент се случува побрзо од светскиот просек.

Базата има датотека со податоци уште од 1961 година.

„Есперанца“ рекордната температура ја измери на полуостров на Антарктикот што се протега кон Јужна Америка, и тоа е едно од местата што се загреваат најбрзо во светот, пренесува Гардијан.

Според податоците на Светската метеоролошка организација, оваа локација во изминатите 50 години се загреала за речиси три степени, па скоро сите глечери се топат.

Научниците предупредуваат дека глобалното загревање предизвикува топење на толкави количества мраз на Антарктикот што огромната плоча мраз е на пат да се распадне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот