На Анкара не ѝ се допаднаа новите американските санкции: „Ова е непочитување на нашите суверени одлуки за нашата национална безбедност“

Официјална Анкара го осуди усвојувањето на законот за американски санкции против Турција, со образложение дека се работи за непочитување на нејзините суверени одлуки.

Комитетот за надворешни односи на Сенатот на САД вчера изгласа закон за одбрана, со кој се повикува на санкции за Турција поради набавката на противракетниот систем С-400, пренесува Анадолија.

„Најновите обиди забележени во двата дома на американскиот Конгрес, а кои исто така ги поддржаа и некои кругови против Турција, претставуваат нов инцидент на непочитување на нашите суверени одлуки за нашата национална безбедност”, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.

Во соопштението од турското МНР се посочува дека се свесни дека Комитетот за надворешни односи на Сенатот го усвоил законот со кој се наметнуваат санкции на Турција поради операцијата „Извор на мирот” и рускиот противракетен систем С-400.

Турското Министерство го повика американскиот Конгрес да заземе конструктивен став кон развојот на турско-американските односи за да не бидат „загрозени заедничките цели на двете земји”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот