13 C
Скопје

На американските спортсти им се заканува исфрлање од Олимписките игри?!

На најдобрите спортисти од САД може да им биде забрането учество на Олимписките игри и други големи натпреварувања доколку САД престане да ја плаќа членарината во Светската анти-допинг агенција (ВАДА).

ВАДА сериозно ја разгледува можноста да ги измени правилата со што би го загрозила учеството на американските спортисти на Олимписките игри. Причината за ваквото размислување на ВАДА е намерата на Американците да престанат да плаќаат членарина во ВАДА, објави Ројтерс.

– Последиците од престанокот на финансирање на ВАДА од страна на САД можат да бидат тешки за американските спортисти. Голем број на спортски организации и светски влади се шокирани од заканите на американската влада која ја поддржува и Американската анти-допинг агенција (УСАДА) – изјави претседателот на ВАДА, Витолд Банка за Ројтерс.

Банка притоа додава дека ВАДА е под голем притисок од страна на голем број спортски функционери кои бараат ригорозни казни за САД доколку прекине да ја финансира Светската антидопинг агенција.

Во јуни годинава Канцеларијата за национална политика на контрола на дрогата (ОНДЦП) упати серија критики кон ВАДА притоа препорачувајќи на американските политичари да донесат закон за прекин на финасирање на ВАДА со образложение дека не ги направила претходно договорените реформи. Одговорот на ВАДА беше дека американската студија е полна со голем број невистини факти, заблуди и лаги.


САД е најголем финансиер на ВАДА, и за 2020 година уплатија само 2.7 милиони долари од предвидените 37.4 милиони долари.

– Многу влади и останати спортски функционери се шокирани со фактот дека една земја може да го прекине финансирањето на ВАДА без никакви последици. Тие стравуваат дека тоа што САД го прави може да загрози глобалниот антидопинг систем. Поради тоа сме замолени за сите кои работат против конвенциите на УНЕСКО да бидат казнети – изјави портпаролот на ВАДА, Џејмс Фицџедралд.

Поврзани вести

Каде ќе се игра финалето во ЛШ, Англичаните ја ставија Турција на црвена листа

Слободен печат

Инфантино гласно размислува за промени во фудбалот: Ограничен број на настапи, на клубови…

Слободен печат

Будуќност е прв финалист во АБА лигата

Слободен печат

УЕФА најде начин да ги казни суперлигашите, големата тројка одбива договор

Слободен печат

АБА Лига: Селекторот на кошаркарите ја растури Ц. Звезда и обезбеди мајсторка

Слободен печат

Стотка на Куманово, МЗТ Скопје го загуби третото место

Слободен печат

Остави Коментар