На Африка ѝ e ветена медицинска помош на самитот во Париз

epa09206308 An elderly woman gets her vaccination during the first day of Covid-19 vaccinations for the over 60 year old population in the country, in Johannesburg, South Africa, 17 May 2021. The first round of vaccinations was for the health care workers in the country. South Africa is lagging behind many countries in the world in its vaccination program. EPA-EFE/Kim Ludbrook

Со укинување на патентите за да ѝ се дозволи на Африка да произведува вакцини, меѓународната заедница собрана во Париз вети дека ќе му помогне на здравството на континентот, но без цврсто финансиско ветување за сиромашните економии.

– Поддржуваме трансфер на технологија и работа кои ги побараа Светската здравствена организација, Светската трговска организација и Патентот за лекови (поддржан од ОН) за укинување на сите ограничувања во однос на интелектуалната сопственост што го блокираат производството на секаков вид вакцина, изјави францускиот претседател Емануел Макрон по конференцијата.

На конференцијата учествуваа триесетина африкански и европски лидери, како и претставници на големи меѓународни економски организации.

Макрон истакна дека учесниците се одлучиле за силна иницијатива за масовно производство на вакцини во Африка, особено со „финансирање од Светска банка”.

Поради времето потребно за започнување на тоа производство, Макрон објасни дека на краток рок, учесниците на самитот се согласиле да го зајакнат Ковакс (организација за дистрибуција на вакцини во сиромашните земји) со цел да се вакцинираат од 20 до 40 проценти од луѓето во Африка.

Претседателот на Сенегал, Меки Сал, рече дека „кампањите за вакцинација спроведени во развиените земји не гарантираат здравствена безбедност”.

Тој предупреди на опасноста во Африка да се развијат „екстремно отпорни варијанти на коронавирусот”. Претседателот на Демократска Република Конго, Феликс Чисекеди истакна дека ќе биде предизвик да се убеди населението во потребата од вакцинација „откако ја демонизирале социјалните мрежи”.

Африка е релативно поштеден континент со 130 000 смртни случаи од ковид-19, според официјалните податоци, од вкупно 3,4 милиони починати ширум светот.

Видео на денот