На аеродромот во Тирана лани минале 5,2 милиони патници

Аеродром Тирана / Фото EPA-EFE/MALTON DIBRA

Премиерот на Албанија Еди Рама објави дека меѓународниот аеродром во Тирана е единствениот аеродром во Европа што 100-отстотно го надминал закрепнувањето по пандемијата.

За време на инаугурацијата на компанијата „Рајанер“ (Ryanair) на аеродромот „Ринаси“, премиерот ги предочи податоците на Европската авијација, која го рангира овој аеродром како прв во Европа по овој показател.

-Минатогодишната бројка беше 123 отсто плус. Вториот аеродром беше тој во Истанбул со 92 отсто и потоа доаѓаат другите, рече Рама.

Рама, исто така, го изнесе фактот дека на аеродромот во Тирана во текот минатата година имало 5,2 милиони патници, бројка „незамислива до пред неколку години“.

-Оваа година нашата проекција е 6,5 милиони патници, додека амбицијата на компанијата е да достигне седум милиони. Бројката од 5,2 милиони патници минатата година беше целта во 2027 година и тоа ете беше постигнато пред тоа. Верувам дека целта од 10 милиони туристи ќе се постигне за многу кратко време, а не во 2030 година, рече Рама.

На меѓународниот аеродром во Тирана деновиве заврши имплементацијата на проектот за проширување на капацитетите, како и целосна трансформација на целиот простор, според истите стандарди како аеродромските инфраструктури во развиените земји во светот. Со досегашните инвестиции, аеродромот е целосно подготвен за да прими околу 10 милиони патници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот