На аеродромите во Грција се спроведуваат превентивни контроли за корона висрусот

Покрај превентивните контроли на влезните точки во земјата, „со одлука на министерот за здравство, веќе се одредени, на целата територија, препорачани болници за коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Здравствените власти на земјата се во целосна оперативна подготвеност за да се спречат и, доколку е потребно, да се справат со можни појави на коронавирусот, рече заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката Влада, Стелиос Пецас во однос на мерките што Грција ги презема за заштита од коронавирусот.

Тој додаде дека покрај превентивните контроли на влезните точки во земјата, „со одлука на министерот за здравство, веќе се одредени, на целата територија, препорачани болници за коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се спроведуваат контроли и на бегалските и мигрантските бранови на грчките острови, Пецас рече дека тоа е сложено прашање, а тие како Влада прават сè што можат за да се ограничи прилвот на луѓе, без разлика дали евентуално се носители на вирусот или не.

-Се преземаат сите неопходни мерки. Ако ме прашувате за прашања поврзани со мигрантските – бегалските бранови, во тој дел прашањето е многу покомплицирано, како што сите можат да разберат. Ние правиме сè што можеме и сè што е во наши раце, на легалните влезни места да го контролираме евентуалното влегување на лица носители на вирусот. А во останатите делови да се ограничи секаков прилив на луѓе, а не само оние кои се носители на некој вирус- објасни портпаролот на грчката влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот