На адвокатите на обвинетите во „Талир 2“ Ристовска им е виновна што работи во ОЈО – Слободен печат
Хроника

На адвокатите на обвинетите во „Талир 2“ Ристовска им е виновна што работи во ОЈО

Адвокатот Дончо Наков, кој го брани првообвинетиот во овој случај Никола Груевски рече дека откако предметот од СЈО преминал во ОЈО нема овластување од неговиот клиент да работи по новиот деловоден број на предметот.

Со овластување од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, обвинителката Ленче Ристовска денеска пред судскиот совет во скопска единица изјави дека таа го застапува предметот „Талир 2″. Претходното судско рочиште за овој предмет не беше одржано поради отсуство на адвокатите на обвинетите.

Адвокатот Дончо Наков, кој го брани првообвинетиот во овој случај Никола Груевски рече дека откако предметот од СЈО преминал во ОЈО нема овластување од неговиот клиент да работи по новиот деловоден број на предметот.

– Денес прв пат го гледаме овластувањето на обвинителката Ристовска, го известувам судот дека моето полномошно е врзано со предметот со стариот број. Денес обвинителот даде предмет со друг број. Спецификата и овластувањата се да постапувам пред СЈО, и се бара да го известам мојот клиент за новонастаната состојба и да побарам согласност од него. Во заштита на правата на обвинетите барам од судот да го известам мојот клиент – рече Наков.

И неговиот колега Еленко Миланов рече дека овластувањето на обвинителот е спротивно на законот за ОЈО. Рече дека има и друг проблем, односно се уште законската пречка што постои СЈО, но не и неговите застапници.

Обвинителката Ристовска пак рече дека за овој предмет и друг кој е во фаза на судење се под ист број и затоа тој број фигурира во полномошното.

– Нема процесни пречки за продолжување на процесот, рече Ристовска.

Стерјо Зиков, третиот адвокат на обвинетиот Кирил Божиновски рече дека од вчера е ангажиран во предметот и побара од судот време да го проучи предметот.

Судијката Даниела Алексоска-Стојановска за сите барања и тврдења рече дека ќе одлучи по сега веќе дадената пауза.

Во случајот „Талир 2″ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски, кои, според обвинението на СЈО, со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице ДГ Бетон АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, иако правното лице во времето на обезбедување на услугата имало склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close