На административците нема да им се дава работа надвор од нивните надлежности

Со измените на Законот за административни службеници и на Законот за вработените во јавниот сектор се предвидува воведување евидентни листови со кои на месечно ниво ќе се следи ефикасноста на работа на институциите и на вработените.

– Ова е една мерка која сметам дека е од заемна корист и за вработените и за институциите затоа што документирано ќе се работи што значи дека на вработените не ќе може да им се дава работа која е надвор од нивните надлежности, но соодветно даваме можност да бидат и платени доколку имаат зголемен обем на работа. Сметам дека овие измени кои во следните неколку недели ќе влезат во процедура, ќе промогнат заедно со законот за високораководна служба да имаме една поинаква слика за јавниот сектор- изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Законот за високораководна служба, според најавите на министерот, веќе следната недела влегува во процедура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот