На 45 години почина Ени Вершинг, актерката ја изгуби битката со ракот

Ени Вершинг беше американска актерка позната по улогата на агентот на ФБИ Рене Вокер во ТВ-серијата „24“ и по позајмувањето на гласот на ликот Тес во видеоиграта „The last of us“, како и по улогите во телевизиската серија „Timeless“ и серијата „Bosch“.
View this post on Instagram
Нејзината најзабележителна улога е во „The Vampire Diaries“, а со голем восхит се најавуваше дека во 2021 година ќе глуми во втората сезона на серијата „Picard“.
Беше препознатлива и по интересниот стил на црвениот тепих. Последен пат таа се појави во јавноста во август минатата година на премиерата на „The Prom“ во Лос Анџелес. Беше во друштво на нејзиниот сопруг, актерот Стивен Фул, со кој доби два сина.
Ени Вершинг ќе наполнеше 46 години на 28 март. На Инстаграм ја следеле околу 225.000 луѓе, а последен пат на оваа социјална мрежа објавила пред пет месеци.
View this post on Instagram
Таа на Инстаграм покажуваше детали од снимањето, интересни моменти со колегите и мали детали од секојдневниот живот.
Актерката Џери Рајан синоќа се огласи на Инстаграм за да ја објави тажната вест: „Каква убава, силна светлина е изгубена денеска. Толку сум среќна што имав шанса да работам и да глумам со неверојатната Ени. Срцето ми се кине за нејзиното прекрасно семејство и сите кои имаа среќа да ја запознаат. Почивај во мир, прекрасна Ени“.
Таа ги замоли сите кои можат да му помогнат на семејството преку платформата GoFundMe. Смртта на Ени Вершинг беше дочекана како шок, актерката не сакаше јавно да зборува за битката со подмолната болест.
View this post on Instagram