На 30 ноември „Отворен ден на УКИМ“ наменет за матурантите

УКИМ
Кампус на општествени науки на УКИМ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје на 30 ноември онлајн, преку платформата Мајкрософт тимс, ќе организира „Отворен ден на УКИМ“ наменет за учениците во завршна година од средното образование.

На настанот, на кој ќе се обрати ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера.

– Матурантите ќе имаат можност да се запознаат одблиску со професорите и студентите, да прашаат сè што ги интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, да ги слушнат искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, да дознаат за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности…. да се запознаат со Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја, соопшти УКИМ.

Извор: МИА

Видео на денот