На 3 и 4 декември во Лондон ќе се одржи самит на НАТО

Наредниот самит на НАТО ќе се одржи во Лондон на 3 и 4 декември, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. Тој се наоѓа во Лондон каде имаше средба со британската министерка за одбрана Пени Мордаунт.

Столтенберг рече дека самитот во Лондон ќе биде можност за шефовите на државите и владите да се позанимаваат со сегашните и идните безбедносни предизвици со кои се соочува НАТО со цел Алијансата да продолжи да и дава сигурност на својата популација од милијарда луѓе. Тој додаде дека било решено самитот да биде во Лондон каде што бил првиот штаб на Алијансата. Притоа ќе биде одбележана 70 годишнината од постоењето на НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот