На 27 јануари СЗО ќе одлучува дали пандемијата со Ковид-19 сè уште претставува глобална закана

Ковид протоколи на Мартиник/Фото: Fanny Fontan / AFP / Profimedia

Комитетот на Светската здравствена организација на средба закажана на 27 јануари ќе разгледува дали пандемијата со Ковид-19 се уште претставува глобална здравствена состојба, соопшти СЗО три години откако првпат беше прогласена пандемија.

Комитетот за вонредни состојби го советува генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, кој треба да ја донесе носи конечната одлука дали епидемијата претставува така наречена вонредна состојба за јавното здравје од меѓународно значење, што е највисоко ниво на тревога за СЗО.

Неколку водечки научници и советници на СЗО истакнаа дека можеби е прерано да се прогласи крај на вонредната фаза на пандемијата со Ковид-19 поради зголемениот број на инфекции во Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот